речник контакт

Велешанец починал во Болница донесен со тешки повреди

ОЈО Велес ќе ги истражува причините за смртта

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда,  во велешка Болница е донесено лице кое имало тешки телесни повреди, а подоцна починало. МВР информираше за настанот

На 13ти јули 16.20 часот во СВР Велес е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница - Велес Д.В (48 год) од Велес,  бил донесен со тешки телесни повреди. Тој подоцна им подлегнал на повредите. Според пријавеното, тој со повреди се здобил на 9- јули, а семејството го пронашлово семејната куќа на 13.07.2022 околу 15.00 часот во безсознание“- соопштија од СВР Велес.

Увид на лице место е извршен од увидна екипа од СВР Велес.

Од ОЈО Велес информираа дека е издадена наредба и телото е дадено на обдукција за дa се дознаат причините за смртта.

„Примен е пациент во безсознаение  без знаци на живот. Имало обид за реанимација, која траеле 60 минути, но без успешен. Овој пациент е примен на 9-ти јули, по учество во тепачка, каде има скршено две ребра. Задржан е на болничко лекување и по два дена е пуштен на домашно лекување“- кажа д-р Елена Ќулумова Левкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »