речник контакт

Велешанец починал по каснување од оси

И покрај интервенцијата на Итната помош и анестезиолозите, за лицето немало спас

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, почина велешанецот С. Љ.  (60год)  од каснување на оси. Настанот се случил на неговото работното место, во фирма во Речани. Веднаш била побарана здравствена помош од службата на  Итна помош.

„Повикот е добиен во 11,05 ч. лицето имало убоди по целото тело, раце, лице. Било во кома, дадена му е ампуларна терапија, реанимирано и префрлено на анестезиологија во велешка болница“ - кажа д-р- Василка Пановска началник на Итната помош во Велес.

Од велешка Болница потврдија дека добиле случај на лице кое било во тешка здравствена состојба.

„Донесен е пациент во лоша здравствена состојба, без знаци на живот. Реанимиран е но без успех“ - соопшти д-р Весна Николова Неделковска, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »