речник контакт

Велешанец превезувал мигранти, уапсен во Ваксинце

При бегството М.Б. повредил и припадник на армијата и четворица од мигрантите

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, четврток напладне, велешанец кој превезувал мигранти е уапсен. Претходно кога тој се дал во бегство од автопатот. При тоа повредил еден припадник на армијата и  четворица од мигрантите. Сите тие биле од Сирија.

„На 25 август  во 13 во село Ваксинце, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес. Во возилото „крајслер“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници“ - соопштија од МВР.
Но претходно се случувала вистинска драма, откако велешанецот  М.Б. се дал во бегство, по што излетал од патот во селото Ваксинце.

„На автопатот „Пријателство“, кај село Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на АРСМ и продолжил кон село Ваксинце. Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четири лица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово. Со повреда, исто така, се здобил и припадник на АРСМ при преземање мерки, по што и на него му била укажана помош во болницата во Куманово“ - додаваат од МВР.

Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него, од полицијата информираат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »