речник контакт

Велешанец пријавил семејно насилство од синот, снаата и внукот

Неготинец нападнал неготинец пред угостителски објект на езеро Младост

Петар Печков

Велешанец пријавил дека е физички нападнат од синот, снаата и внукот. Во друг случај пред угостителски објект на езеро Младост неготинец нападнал сограѓанин.

„На 3 јануари  во 22 ч во Полициската станица Велес, 77-годишен велешанец пријавил дека во семејната куќа, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговиот син, снаа и внук“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол нa СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител.

„На 03.01.2024 во 22.40 часот на полициски службеници од СВР Велес, М.Б.(24) од Неготино пријавил дека на паркинг простор пред објект на езеро Младост во Велес бил физички нападнат од Б.М. од Неготино“ - соопшти Ѓаковска.

Полицијата  презема мерки за расчистување на двата  случаи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »