речник контакт

Велешанец пронајден мртов во куќа во Охрид

А.Д. бил потстанар а во Охрид живеел некое време

Петар Печков

МВР информира дека во средата претпладне, велешанец бил пронајден мртво во куќа во Охрид во Населбата Горна Маала. Обдукција треба да ги открие причините за смртта.

 На 18.07.2018 година во 10,45 часот било пријавено дека во Охрид во куќа на улицата „Питу Гули“ бил пронајден починат А.Д.(26) од  Велес, кој живеел како потстанар. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција - пишува во информацијата на МВР.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »