речник контакт

Велешанец пронајден мртов кај Ветеринарната

Велешанец бил пронајден мртов во близина на ветеринарната станица, обдукцијата ќе ги покаже причините за смртта.

Петар Печков

Понеделникот  утрото околу 6,30 часот минувачи пронашле машко тело кое безживотно лежело покрај патот, покриено до пола  со земја. Полицијата го идентификувала како Владо Јовановски ( 51 год) од Велес, на него не биле пронајдени знаци на насилство но сепак по барање на обвинителството телото е предадено на обдукција, која ќе покаже што е причината за смртта.

Според сведочењето на неговата сопруга, Владо вечерта излегол од викенд куќата, која била лоцирана во близината на АД Киро Ќучук, но таа заспала и не приметила дека сопругот не се вратил. Утрото кога го побарала, дознала дека е пронајден мртов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »