речник контакт

Велешанец пронајден мртов на среде пат во Истра

Македонски државјанин, жител на велешкото село Подлес, починал во неделата додека возел велосипед во околината на Пула, Република Хрватска.

Петар Печков

Тамошната полиција утврдила дека станува збор за Трајче Панов ( 62 год ), велешанец кој последнтеи години живеел во Гер4манија, кој починал поради затајување на работата на срцето, пишува ,,Глас на Истра,, .

Тој е пронајден мртов покрај неговиот велосипедист,  во неделата во 15,45 часот, на средина од  коловозот на патот во близина на Аеродромот Пула. Обдукцијата покажала дека умрел од природна смрт, соопштиле од патолошкото одделение на Градската Болница од Пула. 

Од Полициската управа на Пула на прес конференција посочиле дека на телото од починатиот велосипедист не се пронајдени трагови кои би упатувале дека Панов настрадал од удар или во сообраќајна несреќа. Починатиот имал двојно државјанство македонско и германско и последните години живеел во Германија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »