речник контакт

Велешанец пронајден починат на паркинг во Скопје

Телото било пронајдено без видливи траги на насилство

Петар Печков

Велешанецот Тоше Т. бил пронајден во саботата на паркинг во Скопје а докторите констатирале дека е починат. Деталите од информацијата на МВР.

„На 28 септември во 16.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, на паркинг позади угостителски објект, бил пронајден починат Т.Т.(43 год) од Велес. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство“ – соопштија од МВР. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција по што е вратено на фамилијата и Тоше Т. погребан. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »