речник контакт

Велешанец се здобил со тешки повреди на глава, додека помагал кај пријател при изградба на спрат

Поради тежината на повредите префлрлен на Неврохирургија во Скопје

Петар Печков

Велешанец кој помагал кај пријател при изградба на куќа, паднал од  спрат, од околу 2,5 метри височина и се здобил со тешки повреди.  Инцидентот според СВР Велес се случил вчера напладне во 12 ч.  повреден бил  В.А. (58 год).  Прва на помош дошла екипа на Итната помош.

Околу 14,42 ч. примен е повик, за лекарска помош на лице родено 1953-та година, кое паднало додека помагал  кај пријател, за изградба на спрат. Имал повреда на глава и граден кош, згрижен е  на лице место, транспортиран до Болница - информираше д-р Васе Пановска, портпарол на Здравствен дом Велес.

Од велешката Болница соопштија дека лицето поради тежина на повредите е префрлено на Ургентен во Скопје.
 
Повредениот при падот се здобил со фрактура на череп, има крварење на мозок и фрактура на ребро по што е препратен на Неврохирургија во Скопје - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

фото -илустрација, архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »