речник контакт

Велешанец се обидел да внесе преку граница 10 кг марихуана

Организатор на овој транспорт бил велешанецот М.Т. ( 22 год), кој пред неколку дена беше уапсен како еден од членовите на групата која дистрибуираше 140 кг марихуна

Петар Печков

 Македонската полиција реализира уште еден случај на нелегален транспорт со дрога, при што на ГП “БЛАЦЕ“ се откриени и запленети 9,760 килограми висококвалитетна марихуана со што е пресечен меѓународен канал на трговија со наркотична дрога од Косово преку Македонија до западноевропските земји. Организатор на овој транспорт бил велешанецот М.Т. ( 22 год), кој пред неколку дена беше уапсен  како еден од членовите на групата која дистрибуираше 140 кг марихуна. 

Завчера (20.12.) во 13.00 часот на влез во  Македонија на „Блаце“ извршен е претрес и преглед во автомобил марка “BMW“, управувано од лицето Ф.Б (37) од Скопје и при претресот во задните седишта, потпирачите на истите, како и под задниот браник биле пронајдени вкупно 13 паковања со непозната растителна материја со зелена боја со вкупна тежина од 9,760 килограми, сите  обвиткани  со алуминиумска фолија и со прозирна селотејп лента.

Според документираните сознанија лицето М.Т (22) од Веелс, инаку веќе притворен по минатонеделната акција во која беа запленети речиси 140 килограми марихуана, во средината на минатиот месец организирал илегален транспорт на наркотична дрога - марихуана во количина од 9,760 килограми, од Косово во Македонија, и истата требало да биде транспортирана кон западновропсите земји, за што го ангажирал Ф.Б како транспортер на дрогата.

За реализирање на транспортот М.Т набавил возило марка “BMW“ за кое што од сопственикот на ПМВ обезбедил согласност и одобрение за управување на туѓо моторно возило на име на Ф.Б. По обезбедување на возилото Ф.Б  преку ГП „Блаце“ се упатил во Косово каде ја преземал наркотичната дрога и ја сместил во наслонот на задните седишта и под задниот браник од возилото.

Пронајдената растителна материја е предадена на одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР  и по извршеното вештачење утврдено е дека се работи за висококвалитетна марихуана со вкупна нето тежина од 9,760  килограми. Запленетата количина на марихуана на нарко пазарот во западноевропските земји на големо би достигнала цена од околу 30.000 евра, а на мало околу три пати повеќе.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »