речник контакт

Велешанец се сомничи дека украл предмети од дом на сограѓанин, кои биле пронајдени кај уапсениот

По целосно документирање на случајот против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Уапсено лице, кое се сомничи дека од дом на велешанец украл предмети, кои се пронајдени кај него. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 21 август во 20 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А. (33 год) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 - годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »