речник контакт

Велешанец со автомобилот излетал од патот кај село Дреново кавадаречко

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во кавадаречката болница

Петар Печков

Понеделникот претпладне, велешанец, кој управувал автомобил излетал од регионалниот пат кај село Дреново, кавадаречко. При инциденот возачот се здобил со тешки телесни повреди.

„На 25 март во 10.00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат од село Дреново, кавадаречко, кон крстосување со регионалниот, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Б. (41 год) од Велес, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци“ –соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес .

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увиднаекипа од ОВР Кавадарци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »