речник контакт

Велешанец со бегство се спасувал од Бугарија

И.П (47 год) тврди дека бил уапсен оти на дал бакшиш

Петар Печков

 МВР информираша за настан во кој велешанец тврди дека со бегство се спасувал од Бугарија. Во четвртокот вечер,  во 19.30 часот на граничниот премин  кај   Делчево пристигнал И.П. (47) од Велес, кој според евиденцијата излегол од Македонија на 7 ноември годинава во 18.07 часот на ГП  „Деве Баир“,  управувајќи  камион  „Волво“ со велешки регистарски ознаки.  

Според неговата изјава, при влез во Бугарија  на Граничниот  премин „Ѓуешево“  го ставиле камионот  на вага за мерење и наводно му побарале бакшиш. Откако истиот ги одбил му извршиле алкотестирање  кое покажало присуство на алкохол од 0,62% промили, по што му ја одзеле патната исправа. Според исказот на И.П., после тоа со записник и со полициска придружба го спровеле до полициска станица во Ќустендил.

Истиот го искористил нивното невнимание, им побегнал и со такси возило допатувал до Граничниот Премин  „Станке Лисичково“.  Кога дошол до пасошка контрола на бугарска страна истиот не застанал, туку пеш се дал во бегство кон граничниот премин Делчево каде од полициските службеници бил запрен. За настанот бил запознаен инспектор од ОПКМСР и по извршените проверки на лицето му бил  дозволен влез во Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »