речник контакт

Велешанец уапсен во кумановско, како во камион превезува 44 мигранти

Лицето било уапсено на регионалниот пат Старо Нагоричане- Пелинце

Петар Печков

Средата попладнето, велешанец е уапсен во кумановско, како превезува во камион 44 мигранти. Деталите од соопштението на МВР.

„На 20 септември  во 17.20 часот на регионалниот пат Старо Нагоричане- Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Д.С.(27 год) од Велес. При контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници“ - соопштија од МВР.

Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »