речник контакт

Велешанец уапсен во кумановско, како превезува миграти

Во автомобилот имало девет лица, сите од Индија

Петар Печков

Вчеравечер,понеделник, велешанец е уапсен во кумановско, како во автомобил со скопски регистарски таблички, превезува мигранти. МВР со детали на настанот.

„На 8 август околу 22.20 часот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, од полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода М.З.(31) од Велес, затоа што во патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени девет мигранти од Индија“ - соопштија од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.

 фото архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »