речник контакт

Велешанец уапсен како краде од автомобил, во време на полициски час

Кај сторителот дома биле пронајдени други предмети од други кражби како и алат со кои биле извршени делата

Петар Печков

СВР Велес информираше дека вчеравечер, откриено е лице како во време на полициски час, врши тешка кражба од автомобил. Настанот се случил пред поранешниот ресторан на вливот од река Тополка во Вардар.  

Понеделникот вечер околу 21.30 часот, додека траела забраната за движење, од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода М.А.(23) од Велес.  Тој  бил фатен при вршење на тешка кражба од автомобил, паркиран на ул.„Димко Најдов“ во Велес. По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од други кривични дела кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела- информираше Верољуб Додевски, портпарол нa СВР Велес. 

Сторителот бил задржано во Полициската станица Велес. Против него ќе биде поднесена пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »