речник контакт

Велешанец украл автомобил од паркинг во Скопје, фатен со возилото во близина на Штип

За М.Б.(34 год)ОЈО Скопје бара и мерка притвор

Петар Печков

Велешанец уапсен во близина на Штип,   откако украл патнички автомобил, марка „БМВ“, од паркинг во Скопје. Ова не е дејствие од филм, туку настан кој се случил вчера и завчера,  за кој информираа од МВР И ОЈО Скопје.

„На 10-ти февруари во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.Б.(34 год) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека возилото на 9-ти февруари било одземено на подрачјето на СВР Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од Зелениково, скопско“ - соопштија од МВР.

Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

 „Осомничениот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото “ - информираа од ОЈО Скопје со дополна дека против лицето е започната истрага за кривично дело „кражба“ и дека е побаран предлог за притвор,  оти постоела  реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »