речник контакт

Велешанец управувал автомобил во алкохолизирана состојба на улица Сараевска

Против него полицијата ќе поднесе кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“

Петар Печков

Велешанец возел автомобил во алкохолизирана состојба, полицијата го уапсила. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 15.01.2026 во 23:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.А.(42) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Сараевска“ во Велес, сопрено е патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,82 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарола на СВР Велес.
 Возачот бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него полицијата ќе  поднесе кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »