речник контакт

Велешанец фатен на дело како краде од автомобил

Оcвен за тешка кражба Б.А.(47 год) ќе одговара и за непочитување на полицискиот час

Петар Печков

Петокот рано утрото, во време на полициски час, велешанец бил фатен на дело како краде во автомобил. Полицијата се сомнева дека ова лице било сторител и на други слични дела.

„На 23-ти април, во 04.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во патничко возило. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив“ – соопштија од МВР.  

Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за тешка кражба и непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »