речник контакт

Велешанец фатен со дрога, ја набавил откако ограбил куќа

Ф.Е (24год)оседувал 100 грама марихуана и 5 грама хероин. Од куќата однел злато

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ф.Е. (24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. 

На 21 април годинава околу 23.30 часот во Велес, од страна на полициски службеници, извршен е личен преглед над пријавениот, при што се пронајдени  94,9 грама марихуана и  5 грама хероин. 

Од извршениот разговор со пријавениот  дојдено е до сознание  дека истиот ден сторил кривично дело „тешка кражба“ во куќа во Велес, од каде украл златен накит и пет златни лири, по што со такси возило се упатил кон село Арачиново, скопско, од каде ја набавил наркотичната дрога. На Ф.Е. му е одреден притвор. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »