речник контакт

Велешанец ја малтретирал вонбрачната сопруга

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Ј.И. (63 год) од Велес, поради основано сомнение дека подолг временски период ја малтретирал вонбрачната сопруга и сторил кривично дело телесна повреда

Петар Печков

Пријавениот постојано под дејство на алкохол веќе подолг временски период ја малтретирал неговата вонбрачна сопруга С.И. ,односно ја навредувал со погрдни зборови и честопати и физички ја напаѓал.

Постојано доаѓал во станот на неговата вонбрачна сопруга, наговарајќи ја да го прими назад да живее со нејзе, влегувал со сила во станот каде се хранел и ги обавувал сите животни потреби, иако немал никаков контакт со вонбрачната сопруга. Истиот околу пет години живеел во нејзиниот стан, бидејќи оштетената не можела да истера поради  чувството на страв од постојаните закани кои и ги упатувал.

Пријавениот во два наврата се лечел од алкохолизам во психичката болница во Бардовци. 
На ден 21.10.2010 во станот на оштетената пријавениот повторно физички ја нападнал,  удирајќи ја со клоци и тупаници во пределот на главата и телото и и се заканувал дека ќе ја убие. Истата успеала да се оттргне и повикала полиција

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »