речник контакт

Велешанецот Илиевски победи на велешкиот полумаратон (фото)

Двојна победа за велешани, втор беше Никола Павлов

Петар Печков

Велешанецот Трајче Илиевски победи на велешкиот полумаратон, кој во саботата се трчаше во Градскиот парк . Тој постигна време од  1:16:21. И второто место го освои велешанец Никола Павлов СО 1:23:28, и двајцата членови на АК ,,Изгрев,,.  Трет беше Александар Петров со време од  1:32:54. Илиевски минатата година беше втор на полу маратонот. 

Кај жените победи Марија Пеликон со време од 1:38:31, пред Ангелина Панова 1:46:58 а трета беше Клементина Темелковска 2:03.51.   

На патеката од 5 км  кај рекреативците победи  Игор Стојановски     со време од  17:42 пред Дарко Темелковски  - 19:45 и трет беше  Верољуб Додевски    20:57.

Во женска конкуренција победи  .Фросина Јордановска  со време од 30:55 пред  Оливера Ѓорѓиева  со истрчани 31:41 и Билјана Иванова  со време од 37:47.

Годинава се трчаше 4-тиот  велешки атлетски полумаратон, со осетно помал број учесници од претходните години.  Го организираа АК "Изгрев" и Планинарското друштво ,,Чеплес" во соработка и поддршка на Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »