речник контакт

Велешанецот Ѓорѓиев на највисокиот врв на Иран, Дамаванд

Наместо снег, полуживиот вулкан исфрлал сулфур. Посета и на Техеран кој на големо се гради

Петар Печков

Македонските високогорци го освоија највисокиот ирански врв, полужив  понекогаш активен вулкан  Дамаванд на планината Алброз. Тој е највисокиот вулкан во Азија so височина од 5671 метар, највисок врв во средна Азија.   Дамаванд и покрај височината не е глечер, не е покриен снег преку целата година па затоа е атрактивен за искачување во овој  период.

Во зима има многу снег и тој е зимски центар па Ирачани одат таму на скијање.  Македонската експедиција која го освои, броеше осум членови и беше дел од Балканската која ја сочинуваа планинари од  Словенија, Хрватска и Албанија, вкупно 16. Меѓу нив  беше и велешанецот Тоше Ѓорѓиев. 

Освојувањето на овој  врв траеше четири дена. Започнавме на 5-ти  а Дамаванд го освоивме на 8-ми август напладне во 12 часот. Првиот базен камп беше на 2,2 илјади метри, вториот кој го прескокнавме  на  три илјади а следниот на 4,2 илјади метри. Оваа висинска разлика од две илјади метри помеѓу првиот и третиот камп претставуваше проблем за нашата експедиција, за аклиматизација. Секогаш кога освојувавме  одреден височина, се искачувавме неколку стотини метри  повеќе, па се враќавме назад. Тоа  е едно од правилата за аклиматизација и добри спиење. Теренот по кој  се качувавме беше многу каменест, со нагиб од 35 до 40 отсто, Имаше многу прашина и на моменти тешко се дишеше - вели Ѓорѓиев.

Објаснува дека   спиењето во домот на    4200 било  на дрвени кревети, без душек, што им создавало повеќе маки. Се околу  нив при искачувањето  било сиво од каменот a снег имало   многу малку  во овој период од годината. Последната и најважна етапа од искачувањето  освојувањето на врвот вообичаено ја започнале рано утрото уште во четири часот од базата  на 4200 метри.

  Имавме многу лошо и променливово време, сонце па потоа магла со ветер, пред врвот силниот ветер носеше и прашина, температура од минус десет степени и секако најтешкиот противник сулфурните испарувања, кои создаваа сериозни тешкотии при дишењето. Но желбата за успех и обврската кон своја фамилија кој ме чекаше, беа  најголем двигател да  успеам во искачувањето. По осум часа борба со природата го освоивме Дамаванд со неговите 5.671 метар.  Радоста беше голема но  и задоволството од овој потфат – вели Ѓорѓиев.

Симнувањето било пократко, траело пет  часа а по стигнувањето во базниот логор, домашните водачи, Иранците им приредиле забава и потоа   тие побрзале да  легнат и одморат на креветите само од штици.  На враќање кон дома, имале можност за прошетка низ Техеран, градот кој  малку е  посетен од странски туристи.

Пријатно не изненадија Персијците. Тие се прекрасни луѓе, гостољубиви, доаѓаа  прашуваа од каде сме, со насмевка не испраќаа. Техеран се гради на големо. Тоа е огромно градилиште. По улиците имаше различен свет и мажи и жени. Мажите носеа долги панталони, никако кратки или бермуди а жените марама на главата, лицето не им е  покриено и обавезно се  со долги ракави. Жените имаа некој полиберален стил на живот од останатиот муслимански свет. Имам впечаток дека таму секој што фати волан и вози, нема сообраќајна култура. Центарот каде е старото јадро е голема гужва, навалица, илјадници луѓе  во движење – објаснува Тоше, кој минатата година го освои и највисокиот врв во Турција Арарат.

Врвот  Дамаванд е еден од националните симболи на  Иран и тој има голема улога во Иранската/Персиската  митологија.Се наоѓа на 66 км северно од главниот град  Техеран. Иако е близу Каспиското море, тоа не се гледа. Оваа експедиција беше организирана од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија заедно со Балканската планинарска унија. Македонската  експедиција освен  Ѓорѓиев од Велес   ја сочинуваа и : Живко Темелковски, Јани Беака, Димитар Поповски, Илија Белевски, Радица  Арсовска и  Марија Стаменковска од Скопје и Виктор Калаузи од Битола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »