речник контакт

Велешанецот Андов вицепрвак на Македонија во џудо

Освоено и трето место за Јане Коцевски. Прв медал за велешки џудист на државно првенство

Петар Печков

Изминатиот викенд во Кавадарци се одржа државното џудо првенство. Таму за прв пат на ваков настан, настапија и тројца велешки џудисти членови на Џудо клубот Гемиџии.  По две ефектни победи Илија Андов во финалето  во категорија до 81 кг загуби од прилепчанецот Борче Тошески, кој минатата година учествуваше на СП. Така Андов се закити со сребрена медалја.

Другите двајца велешани, членови на Џудо клубот Гемиџии  Јане Коцевски и Игор Ангеловски настапија во категорија до 100 кг и се бореа за трето место, победи Коцевски и тој ја освои бронзената медалја а Ангеловски беше четврти. Тренер во Џудо клубот Гемиџии е Раде Стефановски.

Според селекторите на македонската џудо федерација, велешките џудисти имаат добра перспектива и од нив се очекуваат добри резултати во натамошната кариера. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »