речник контакт

Велешанецот Димитриевски заигра во АСОБАЛ лигата на Шпанија

Со победа и гол ракометниот интернационалец Димитриевски стартуваше во првенството на Шпанија

Петар Печков

Младиот македонски интернационалец, ракометарот Дарко Димитриевски (20 год)  во новото друштво, со победа и еден посигнат гол ја започна кариерата во Шпанија. Неговиот нов клуб  Пуерто Сангуто како гостин забележа победа над екипата на Хелветиа Атаинасуна со 26:25, полувреме 14:11.Димитреивски беше стрелец на еден гол, од два обиди.

Тој од  неодамна  го напушти Катар  каде играше една и пол сезона, и  од почетокот на  месецов се пресели на Иберискиот полуостров, каде за клубот од Валенсија ќе настапува до крајот на оваа сезона и го носи дресот со број 88. Димитриевски игра на позицијата среден бек и е втор македонски ракометар во шпанската ракометна лига.  

Ова за мене е голем чин, да се игра во АСОБАЛ лигата, добивање на искуство, напредок во кариерата. Понудата со задоволство ја прифатив и очекувам дека тоа ќе биде скалило погоре во мојата кариера – рече Димитриевски.

Екипата на Пуерто Сангуто е на 13-то место од 16 екипи, со 14 бодови  од 20 кола и се бори за опстанок во ова друштво.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »