речник контакт

Велешанецот Слободан Трендафилов претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија

Трендафилов најави жешко лето во однос ан синдикалните активности

Петар Печков


Во недостатокот на претставник во извршната власт, Владата, велешанецот Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Тој е избран на саботниот  Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ. Тој доаѓа на местото на Дарко Димовски кој почина во првата половина на месецов Трендафилов е дипломиран правник, поранешен кошаркар на КК Борец.

„Ова ќе биде жешко лето, не само по однос на температурите, туку и по однос на синдикалните активности – најави Трендафилов.

Тој посочи дека ССМ подготвува иницијатива за уставноста на Законот за работни односи со кој се воведе можноста за работна недела која трае 72 часа.

Неговиот татко Павле Трендафилов беше претседател на гранковиот синдикат на  вработените во градежната индустрија во  првата декада на 21 век. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »