речник контакт

Велешанецот Трајан Настов, метлар

Има изработено 100 илјади метли, за секој жител на општината по две метла

Петар Печков

Велешанецот Трајан Настов има ретко занимање, малку познато но интересно и несекојдневно. Тој е метлар, човек кој произведува метли. да метли и тоа за домашна употреба, за метење. Оваа негово занимање е семејна традиција, ја започнал неговиот татко  Кочо  а Трајан ја продолжил, се до денес. На времето од работа не можел да се излезе чаршија, денес се поретко се бара природната метла. 

     -   Ова е ретко занимање, кое полека изумира, пред налетот на кинеската пластика. Тие освоија се така и пазарот со метли. Иако домаќинките знаат каква е разликата помеѓу природна и вештачка метла.  За жал има се помалку материјал, се помалку интерес - вели Трајан кој е пензионер. Тој  е пензиониран  бравар  а работел како командир за обезбедување во Макпетрол. Плетењето метли му била дополнителна дејност. Неговата  пресметка е  дека има изработено околу 100 илјади метли за сите овие години,  или за секој жител во општината по две.   Објаснува дека метли купуваат подеднакво и мажите и жените, нема двоење. Еден дел од животот работел со татко му а потоа  и сам.  

Татко ми започнал да плете метли по војната. Подоцна се вработи во Велеспром, и  немаше кој да помага, па како најстар и мене ме зема со него.  Јас научив да изработувам метли од  него .Имаше многу работа, бев  детиште ама  секаде одев со  него, по селата преку викенд работевме.  Пораснав момче за чаршија а татко ми мие тераше да работам, па му криев од алатот за да не одиме - се присетува Трајан.

 Метлата се изработува од  истоименото растение, се бере се сече токму овој период, се суши и кога е сува,   се носи на мајстор да сеиз работат метлите.  Метлата е слична на пченицата, се садела по меѓите, околу нивите. Сопствениците откако ќе ја исечеле ја носеле кај Настови.  

Некои со порачка да се изработат метли и си плаќале а други по договор, пола -  пола, пола од изработените си ги земеле а втората половина  метли останувале за изработуваните и така наместо пари, добивале стока, која ја продавале на пазарот.     

Времето мине,ама метлата е секогаш потребна, во секоја фамилија имаше  барем по една.  Една за двор, друга за по дома внатре. Најтешкиот дел од работата, е врзувањето на горниот дел од метлата. Тој е иста широчина како долниот и треба да се сплете во една рачка, која е два сантиметри.  Подобро е кога се врзува со јаже, ако се врзува со жица се кршат стебленцата  - објаснува  Настов.

Една метла е готова за половина час, толку време е потребно.  Во прво време била само тие на стариот велешки пазар. Потоа почнале да доаѓаат производители од Скопје па метлари се појавиле и во Велес. Татко му бил познат метлар, кога велешани ќе речеле ,,метлата е од Кочо,, тоа било знак дека е квалитетна и позната марка метли во Велес.  

Ги барале оти биле врзани со три снопа во горниот дел, наместо со два, како што денес се изработуваат.  Трајан објаснува дека таа е појака, поцврста,  ќе се уништи доле во широкиот дел а ама горе останувала. Ја расчистува дилемата дека ова не е сезонска работа туку се работела преку цела година. 

Дома имавме купишта метла и потоа работевме со татко ми. Тој  ќе напише чија  е и кога ќе завршиме, доаѓаа да си ги земат. Имаше време кога земавме под кирија нива и таму одгледувавме метла и така правевме и продававме, на пазар, дома. Идеа велешани  и купуваа.   Сега пластичните се купуваат, ама не е исто природно влакно и вештачко. Потрајна е  природната 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »