речник контакт

Велешанецот доктор Јовев во Загреб ја шири македонската музика

Доктор Јовев е еден од основачите на ансамблот 7/8. За нивната соработка со Масимо, Калиопи, Нина Бадриќ, Лука Нижетиќ, Радојка Шверко, Тоше проески

Петар Печков

 Ниту седумдесет и осумте години не се пречка д-р Кирил Јовев да биде на сцената и заедно со останатите членови на оркестарот 7/8 и ансамблот Езерки,  да ја воодушевува публиката со звуците на старите македонски песни.  Роден велешанец, сега натурализиран загребчанин,  еден  од основачите на составот, тој преку етно музиката  е дел од музичката сцена на Хрватска.

Оркестарот 7/8  негува изворна македонска музика, бисери на народното творештво, со чија изведба сме познати по Хрватска но и Балканот. Песните нашиот диригент ги обработува на современ начин, за да бидат  пошироко прифатени. Свесни сме дека дојдовме во Македонија да продаваме македонска музика, или како што велешани велат на бозаџија боза да му продаваш, ама успеавме. Сепак ете публиката не прифаќа. Цела бивша Југославија ја освоивме со оваа наша изведба, која очигледно пали – вели Јовев.

Составот имаше четири настапи во Македонија во Штип, Гевгелија, Скопје и Велес. Објаснува дека гостувале во Словенија, БиХ, Црна Гора, вистински ѕвезди се во Хрватска, единствено не настапиле во Србија, но веќе добиле покана за таму по што ќе се претстават и на тамошната публика.

 Свирам мандолина, јас сум аматер иако одев во основно  музичко  училиштево Велес. Во составот има професионалци како што е   водачот Бруно Орлиќ кој е академски музичар, тој е босанец но се заљуби во нашиот ритам. Иста е судбината и на останатите членови и на оркестарот и на ансамблот, кои иако не се македонци се заразени од македонскиот мелос.  Се запознавме со диригентот која многу ја сака македонската музика, па се сретнавме со ансамблот Езерки, така започна нашата соработка, која на наше задоволство трае од 2000-тата година – објаснува Јовев.

Тој  родниот Велес го напуштил  пред половина век, во 1952-та, во желба за докажување на поширок простор. Но преку музиката и гостувањето со Езерки и 7/8 ги одржува контактите со неговите блиски. Големо задоволство имаше неговата сестра Иванка, која за прв пат можеше да го види брата си на сцената.

Во Велес имам и роднини и пријатели. Живеев и завршив средно во Велес, заминав да студирам медицина во Загреб, дипломирав се вратив,  две и пол години  работев во амбулантата Панче Васков. Бидејќи сопругата е хрватица се вратив да специјализирам и станав доктор по општа медицина, па  останав таму – вели д-р Јовев.

Тој  десетина години е во оркестарот, заедно со Трајков хармоникашот е еден до основачите. Имало во ансамблот  и други велешани а моментално останал само тој.  Досега имаат снимено три  ЦД    Песни од големата одаја, Бакнеж, и  Мустра и еден  двојно концертно  ЦД и ДВД ,,Спектакл,, . Огромно е задоволството  кога во неколку наврати да ја наполниле  концертната сала Ватрослав Лисински и култниот простор Творница.

Незаборавно било дружењето со Радојка Шверко со која ја испеале ,,Ајде слушај Калеш бре Анѓо,,, со Раде Шербеџија ,,Море сокол пие,,   со Масимо, со Нина Бадриќ, Лука Нижетиќ. Од македонските изведувачи во 2003-тата со Тоше Проески ја снимаат ,,Со маки сум се родил,, а на последниот албум со Калиопи ,,Кажи, кажи либе Стано,, .

Грижливо го одбираме репертоарот

Настапите на Езерки и 7/8 се полни со емоции, со многу песни и траат безмалку два часа. На репертоарот има песни од сите краишта на Македонија, меѓу нив и т.н. патриотски, Море сокол пие вода од Вардарот  и Кога падна на Пирина.

За нашите настапи долго ги одбираме песните, за да оставиме што подобар впечаток. Во составот има луѓе на кои заедничка нитка им е да  сакаат македонскиот мелос - вели Бруно Орлиќ диригент на составот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »