речник контакт

Велешани се организираат да и помогнат на Маја Керова

Во понеделникот децата од Градинките, в петок и сабота хуманитарни концерти во Бели Мугри

Петар Печков

 Велешанката  Маја Керова  Бабунска има  недоложна потреба од итно и неодложно лекување во Хјустон САД каде  тамошните доктори имаат лек за нејзината болест. Но лекувањето е скапо, па  затоа таа побара помош од нејзините сограѓани. Преку донирање на  специјалните телефонски броеви 077 143 702, 075 143 133 и 070 143 132.

Откако дознаа за ова преку социјалните мрежи, велешани најдоа начин, во рамките на можностите да помогнат и да ја анимираат јавноста во градот. Во понеделникот попладне во дворот на Детската градинка кај  Жаба зграда се одржа забава на децата и нивните родители  од ова установа а собраните средства во висина од 19 илјади денари се наменети за Маја.

В петок и сабота  во салата Бели Мугри ќе се одржат два одвоени хуманитарни концерти во организација на Здружението на заболени од рак ,,Борка,, во  Велес и две други граѓански здруженија. 

Петок е на ЕГ Зелена сила а како гости се најавени средношколците од  две велешките  училишта Гимназија и Економска со две нивни претстави, балетската група  Анабела, актерката  Весна Димитровска  и младата поп пеачка Елена  Петрушева.  

Сабота пак Здружението на лица со церебрална парализа од Велес организира концерт на класична музика на Камелија Дукова ученичка во прва година на Средното музичко училиште во Скопје. И двата концерти се со почеток во 19 часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »