речник контакт

Велешани стравуваа дека сателитот на НАСА паднал во близина

Башино село, каде според ПМФ Сеизмологија беше епицентарот на земјотресот, како и повеќето велешани првично стравувале дека сателитот на НАСА падна тука нкаде. Патем тој падна утрово во Канада.

Петар Печков

Пусто беше сред  Башино село  денес на пладне. Жешкото време но земјоделските работи ги прибраа неговите жители по дома. Ова село кое во Македонија е најпознато по младиот кромид, во овој период мириса на овој продукт, кој сега се расадува,а денес се во центарот на вниманието по земјотресот, чиј епицентар бил во близина на селото. Селаните  тие го прераскажуваат настанот од претпладнето кога земјата силно се затресе. За нив во прв момент причина   бил сателитот  на НАСА паднал во близина на селото.

Повеќето до селаните бевме на нива, во тек се есенските работи. Околу десет и пол силно тресна, баш така, тресна. Како да падна нешто крупно во близина. Не скокна од земја, толку беше силно.  Со сопругата мислевме прво што ни падна на ум, беше дека е сателитот, кој требало да падне од небото токму денес . Викаа летал и над Македонија, па затоа мислевме дека е тој. Дури кога се прибравме дома на телевизија кажаа дека било земјотрес – вели Никола Димов.

Оваа приказна ја прераскажуваа сите во селото. Првично не се регистрирани штети или некој да е повреден од земјотресот кој претпладнево во 10,36 со јачина од 4 степени, длабочина до 10 км го здрма велешко. Од ПМФ сеизмологија тврдат дека епицентарот во близината на Башино село. Од велешката Брза помош не добиле повик за интервенција.

Малкумина бевме  во село, повеќето старци и деца, другите се по поле. Кога се случи потресот се собравме сред село. Сите викаме ова е сателитот што требаше да падне. Шо  к`смет имавме па баш кај нас во Башино село да падне, помисливме. Имало земјотреси, ама овој некако дојде одоздола, бучава, се слушна тресок, како кога нешто тешко и големо  паѓа. Не преплаши – вели Невена Николовска.

Таа дојде да полни вода на селската  чешма, каде селаните го прераскажуваа настанот. Но не само башиноселци, туку и за поголем дел до велешани, првичниот впечаток беше дека вештачкиот  сателит на НАСА  падна во близина на градот.  Камперите и рибарите на езерото Младост исто така со  силни  впечатоци од  утринскиот настан.

Водата се разбранува, откако се слушна силен татнеж. Мислев дека приколката ќе тргне по удолнината, толку беше силен потресот. Не знаевме што е, бидејќи ваков земјотрес немам почувствувано –вели скопјанец кој тука покрај езерото го минува дел од викендот. Подоцнежните информации  покажаа дека било земјотрес. Патем сателитот падна во Канада.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »