речник контакт

Велешани во редица за дарување на крв, на 17-ти март Денот на крводарителството

Наместо шест часа, акцијата поради големиот интерес беше продолжена 90 минути

Петар Печков

Деведесет минути траеше подолго од предвиденото време,  денешната крводителска акција во Велес, поради големиот интерес на граѓаните за доброволно дарување на крв. И наместо шест часа, траеше седум и половина, во кој период се собра 84 крвни единици, меѓу нив и од шестмина првократни дарители. На овој начин се одбележа и 17-ти март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителството во земјава.  Организаторот Црвениот  крст на Велес задоволна од покажаниот интерес.

„Акцијата траеше и подолго од предвидениот термин, во интерес н дарителите, кои трпеливо чекаа да даруваа крв. Морам да ја искажам својата благодарност за големиот интерес. Велешани, но и жителите на соседните општини и мината година покажаа висока свест и хуманост и тие се втори во земјава според исполнетиот план“ - рече Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.  

Се работеше според ковид протоколите и затоа имаше помалку кревети кои се користеа за дарување, отколку во редовните крводарителски акции.  Крводарителите од Велес, заедно со тие од Чашка и Градско, минатата година според хуманоста се втори во Македонија, со исполнет план од 183 отсто.

Претходно во 2018-та и 2019-та две години по ред велешкиот  Црвен крст беше прво рангиран во земјава на полето на крводарителството.  Планот од 1.861 крвна единица, лани е реализиран со 183 отсто, или   собрани се 3.390 крвни единици а Велес е втор со 0,8 % помалку од  Виница. 

Од 30 општински организации во Македонија,минатата година само 13 го натфрлиле планот а повеќето од нив се за некој процент над планираните количини.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »