речник контакт

Велешани во редица чекаа да си ја проверат здравствената состојба

И додека велешани на Светскиот ден на здравјето,си ја проверуваа здравствената состојба, приватнте доктори испратија порака за партнерски однос при креирањето на здравствената политика во земјава

Петар Печков

Двеста велешани пред се од повозрасната категорија, застанаа да си ја проверат здравствената состојба. Во центарот на градот од 9 до 13 часот , на пункт од ЈЗУ Здравствен дом, заедно со Институтот за Јавно здравје имаше две лекарски екипи, на кои велешани можеа да проверат какво е нивното здравје.

Во рамките акцијата ,,здравје за сите,, се организираа превентивни здравствени прегледи на населението. Тие се бесплатни и не е потребно никаква легитимација или сино картонче. Се мереше крвен притисок,  одредување на шеќер во крвта и маснотии. Се даваат и лекарски совети и  не е потребна партиципација. При досегашните прегледи, без граѓаните да знаат се открива дека тие имаат покачени маснотии или шеќер – изјави д-р Татјана Самаракова директор на ЈЗУ Здравствен дом.

И додека велешани трпеливо ечкаа на ред за дознаат каква е нивната здравствена состојба, приватните лекари од Македонија се собраа во Велес, за работно го одбележат Светскиот ден на здравјето. Треба да се врати почитта кон докторот  и  тие да си го најдат своето место во општеството, бидејќи здравјето е најскапо од се.  Приватните лекари, на одбележувањето на 7-ми април, светскиот ден на здравјето, бараат партнерски однос и да се слушне нивниот глас при креирањето на здравствената политика.  Доколку нема подобрувањето на статусот на докторите, во спротивно може да се очекува за десетина години земјава да има недостиг од нив.

Испитувањата кои ги направи лекарската комора покажуваат дека за десетина години, Македонија нема да има доктори. Младите одат во Словенија и Хрватска, каде им нудат работа и  специјализација, подобри услови, повисоки плати и тие заминуваат. Во последните години се создаде кусок на доктори. На исток од земјава недостигаат специјалисти, на запад се пензионираат, затоа правиме напори да се подобри статусот. Затоа е потребно  да се донесе Законот за доктори кој ќе не штити и нас, бидејќи имаме закон за правата на пациенти - изјави Милорад Ристевски гинеколог, член на повеќе Комисии во Лекарската комора и здружението.

Приватните доктори бараат подобрување на комуникацијата на примарно, секундарно и терцијарно ниво, меѓу приватното и јавното здравство,  односите меѓу пациентите, докторите, министерството и Фондот за здравство  да бидат во хармонија, бидејќи поинаку не ќе може да функционира здравствениот систем во целина. Сите овие работи влијаат на статусот на докторите во земјава кои за една декада ќе бидат дефицитарни.

Креатор на здравствената политика е Министерството за здравство, додека касата, парите, се кај Фондот   со кого имаме одлични односи и учествуваме во создавањето на критериумите, иако не е се прифатено што ќе посочиме. Добро е кога меѓу трите страни, докторите, фондот и министерството би имало партнерски однос. Да се слушне и нашето, при составувањето на законите, бидејќи ние сме тие што ги применуваме. Не е во ред да се носат закони кои се во  спротивност и не нудат сигурност на докторската фела, треба да разговараме како интелектуалци – вели д-р Лилјана Чолакова Дервишова, претседател на Здружението приватните лекари на Македонија, кое брои две илјади членови.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »