речник контакт

Велешани ги обновуваа домовите па во годинашната акција фрлија најмногу стар мебел и дограма како габаритен отпад

Велешките комуналци повторно ги замолија граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад

Петар Печков

Во периодот од 25 септември до 6 октомври годинава се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Велес. Оваа услуга беше бесплатна за граѓаните и ја реализираат Општина Велес и ЈКП Дервен. Според тоа од што граѓаните се ослободиле очигледно дека имало бројни случаи на домашна обнова на становите.  

„Во овој период пријавени биле бројни граѓани а поради големиот интерес пријавениот габаритен отпад е собиран во подолг период. Собрани се 200 м3 или 45 трактори. Најчесто се фрлани врати, прозори, стар мебел“ - соопштија од ЈП Дервен.
За илустрација во ланските две акции беа собрани 200 м3 габаритен отпад.

Велешките комуналци повторно ги замолија граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »