речник контакт

Велешани големи ѓубреџии

За безмалку две години велешани 4.679 пати го прекршиле Законот за јавна чистота и исто толку пати фрлиле смет на јавна површина

Петар Печков

Оваа констатација се влече според бројот на прекршоци на Законот за јавна чистота, каде велешани се на високото трето место после Скопје и Штип, а пред Тетово, Битола, Струмциа и Куманово.
Постапувајќи  согласно  одредбите од Законот за јавна чистота Министерството за внатрешни работи во периодот од 22.09.2008 година па заклучно со 13.08. 2010 година има издадено над 50.000 платни налози за прекршоци, а во посочениот период доставени се над 7.500 потврди за реализирана општокорисна работа.

Според статистичките показатели за овие континуирани активности на МВР најголем дел од издадените платни налози се на подрачјето на СВР Скопје - 22.858, а потоа следат СВР Штип – со 4.772, издадени платни налози; СВР Велес – 4.679; СВР Тетово – 4.462; СВР Охрид – 4.015; СВР Струмица – 3.722; СВР Куманово – 2.162; СВР Битола – 2.097; Регионалниот центар за гранични работи “ИСТОК“ – 595; Регионалниот центар за гранични работи “ЈУГ“ – 362; Регионалниот центар за гранични работи “СЕВЕР“ -248; Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Дeмир Капија – 97; Регионалниот центар за гранични работи “ЗАПАД“ – 92; Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Тетово - 54 и Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Петровец - 6  платни налози.
 
Од вкупниот број на прекршители на одредбите од Законот за јавна чистота, односно околу 90 отсто, се на возраст од над 18 години, додека прекршоците во најголем дел се извршени на јавна површина – 49.187 прекршоци. Во текот на овој период прекршочни санкции се изречени и против 267 правни лица, најчесто за фрлање и оставење на отпадоци од градежен материјал, превоз на песок и слични материјали без претходна подготовка и нивна заштита, мешање на бетон и малтер надвор од места определени од општината  и сл.

Врз основа на направените согледувања, најголем дел од откриените прекршоци се согласно член 31 в.в. со член 14, а се однесуваат на следните недозволени активности:
- фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут) - 22.465 прекршоци
- фрлање и оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена - 7.411
- продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи - 5.356
Потоа прекршоци по основ на член 34 в.в. со член 19:
- фрлање и оставање на смет на отворени простори на јавни објекти надвор од места определени за ваква намена – 607 прекршоци
 

Досега, во наведениот период, по Законот за јавна чистота се поднесени 33.418 барања за поведување на прекршочна постапка, од кои на подрачјето на Скопје – 17.910, Тетово – 3.521,  Штип – 2.822, Охрид – 2.376, Струмица – 2.218, Куманово – 1.701, Велес – 1.449, Битола – 1.172, Регионален центар Исток – 106, Регионален центар Север – 76, Регионален центар Југ – 40,  Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Демир Капија – 18 и Регионален центар Запад - 9 барања.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »