речник контакт

Велешани две години плаќаа неуставно покачена ѓубрарина

Уставниот суд ја укина одлуката за висината на ѓубрарината во Велес која ја собира ЈКП Дервен.

Петар Печков

Уставниот суд ја укина одлуката за висината на ѓубрарината во Велес која ја собира ЈКП Дервен. Со одлука на Советот на општина Велес од 16-ти фебруари 2008-та година таа е неколкукратно зголемена но според Уставниот суд истата е донесена по препорака на Управниот одбор на ЈКП Дервен иако требало да биде по барање на градоначалникот на општина Велес. Поради ова висината на цената на собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад која е на снага од април 2008-та и со која велешани плаќаа повисоки цени не е законска и истата одлука е укината а цената се враќа на претходното ниво. Од ЈКП Дервен велат дека нема  да аима никакви промени во наплатата. .

- Наплатата на услугата „собирање смет од домаќинствата“ што ја врши ЈКП Дервен  со оваа одлука воопшто не била доведена во прашање. Се работи само за исправка во водењето на процедурата, а не за некакви промени во начинот на работењето на комуналното претпријатие. Ние не гледаме причина зошто во меѓувреме не би требало да се наплаќа за услугите што ги даваме, особено со оглед на тоа што ЈКП Дервен без прекин продолжува да ги врши услугите што се во наша надлежност вклучително и со собирање смет од домаќинствата и индустриските објекти, во редовните термини, како и за време на празници и во ден од недела – велат од  службата за информирање на ЈКП Дервен. Велешките стопанственици со задоволство ја прифатија оваа одлука бидејќи според нив по нејзиното применување тие плаќале енормно високи цени за услугата.

- Наместо да се плаќа по метар кубен или килограм, како што е според Законот за исфрлање на смет, општината со новата одлука ни наплатуваше од метар квадратен. Тоа енормно ги покачи нашите трошоци и наместо по  стотина евра плаќавме илјада – велата велешките стопанстеници кои најмногу беа погодени од ова покачување на цената. Ако домаќинставата претходно плаќаа по 1,25 денар од м2 сега плаќаат по 1,5 додека фирмите наместо 1,65 сега плаќаат двојно повеќе по 3,5 денари од м2 и новина е воведено и   плаќање за собирање од смет на отоврено. Тоа севкупно довело кај некои велешки фирми односот на сметките за струја и ѓубре да биде 3:1 што ги зголемило трошоците на работењето. Поради ова повеќе велешки стопански субјекти во неколку наврати од локалната власт побарале средба овие трошоци да се намалат. Нив  силно ги чувстувале и детските градинки и училиштата, кои морале да плаќаат високи суми кон ЈКП Дервен за собирањето на смет. Иницијативата до Уставнито суд за укинувањето на одлуката за новите повисоки цени на собирање на комуналниот отпад ја поднела дипломираниот правник Ленче  Николовска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »