речник контакт

Велешани дишат чист воздух

Заклучно до октомври, годинава во градот ниту еден ден нема повисоки вредности од максимално дозволените на чад и ЅО2 , според податоците на Центарот за Јавно здравје

Петар Печков

Годинава, како и изминатите 10-тина велешани дишат чист воздух. По затворањето на  Топилнциа, во 2005-тата, квалитетот на воздухот е  постојан, чист. Мерните инструменти на  апаратите на Центарот за Јавно здравје, не измериле ниту еден ден со повисоки концентрации на чад и сулфурдвоксид. На единственото мерно  место во градот, воНова населба за  изминатите 10 месеци нема алармантни показатели и резултати, ниту повисоки  измерени вредности . 

За 10 месеци за ЦО2 од 241 мерења  највисоката вредност е 47микрограми на м/3 наспроти граничната вредност од 50 микрограми на м/3. Средната вредност е 13,7 мг на м/3.За истиот период  ЅО2 има  максимална вредност од 53 мг на м/3 што е далеку од границата од 125 мг на м/3.  Или за сулфурдвеоксидот од 241 мерење има средна вредност од 29 кг на м/3 – вели д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје во Велес.

Присуството на тешки метали во воздухот, олово, цинк и кадмиум е скоро незабележително со нивните максимални вредности.

Квалитетот на воздухот  е далеку подобар од тој што беше пред 15-тина години. Овие резултати се на мерните инструменти, и врз нив нема влијание човекот, така што тие се релевантни. Можно е во зимскиот период, кога започнува грејната сезона да се јават некои мали отстапувања во делови до градот каде  се користи дрво како огрев – вели д-р Петрова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »