речник контакт

Велешани жедни при суви јавни чешми

Откако чешмите работеа на нискитe зимски температури сега кога се стопли тие не течат. ЈКП Дервен најави нивно наскоро активирање

Петар Печков

Велешани реагираат што јавните чешми во градто се суви. Таа на Сармаале,  спроти Аптека, кај Дизни, спроти Пошта се затворени.

Цело зимо течеа, сега кога се стопли и кога ни се пие вода, нема од каде да се напиеме. Темепратурите се преку 25 напладне, не се шета а вода ни се пие, до кога ќе биде вака - велат постарите велешани кои секојдневно тополото време ги изнесе на отворено.


 Од ЈКП Дервен официјално велат дека како последица на екстремно ниските температури што траеа неколку месеци, испукаа неколку водоводни цевки од кои се снабдуваа со вода јавните чешми во градот. За да се спречи понатамошно оштетување на цевките, јавните чешми се исклучени од водоснабдување. Сега работните тимови на РЕ Водовод работат на санација на оштетените цевки, по што јавните чешми повторно ќе бидат во употреба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »