речник контакт

Велешани здрави како дрен

Во новата акција ,,Здравје за сите,, а по повод 7-ми април, Светскиот ден на здравјето, велешани немаат сериозни здравствени проблеми(тие што се прегледуваат)

Петар Печков

Во рамките на одбележувањето на  7-ми април, Светскиот ден на здравјето,  повторно, за една седмица, по втор пат екипите на ЈЗУ Здравствен дом имаа акција за испитување на здравствената состојба на граѓаните. На плоштадот Сармаале повеќе од двесте велешани ја искористија можноста да ја проверат нивната здравствена состојба.

Докторите мереа крвен притисок, маснотии и ново на шеќер во крвта. Во поголемиот број случаи немаше високи вредности. И покрај тоа што поголемиот дел од пациентите беа консумирале храна, не на ,,празен желудник,,, вредностите беа  во рамките на максимално дозволените. Поради големиот прилив на пациенти, акцијата заврши пред време бидејќи снема ленти за мерење на вредностите, па тие што останаа непрегледани, ќе ја имаат таа можност на 22 мај, на истото место.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »