речник контакт

Велешани изнајмувале авион за летање уште пред 80 години, а по невеста со кола пред 90

Томе Боцев со фотографија илустрира како живееле велешани во 30-тите години од минатиот век

Петар Печков

Велешкиот фотограф Томе Боцев раскажа момент од живеењето на градот,  кој е малку познат. Но фотографијата која ја нуди како доказ, ја докажува вистинитоста на случувањето.  Настанот е  од втората половина од 30-тите години на минатиот век.  

Велешани имаа можност да изнајмат авион, со него да летаат над градот.  Авионот беше на местото каде е денес касарната, во новиот дел на Велес.  Таму имаше поголема рамна површина, каде малите авиони можеа де полетуваат и слетуваат. Знам дека со моите одевме таму, родителите ќе платеа и летавме. За ова доказ е фотографијата од мене, братот и сестрата со мајка ми и некои наши пријатели. Не можам да кажам колку чинеше летот ама мислам дека траеше 30-тина минути – вели Томе Боцев. Фотографијата е дел од богатата семејна фото документација.    

Тој има уште еден прилог за моќта на неговото семејство. Во  далечната 1927-ма, неговата мајка Нада, која живееле во село Ораовец  кога татко му Тодор ја земал за жена, на свадбата сватовите биле со автомобил, што преставувало тогаш револуција.   Во тоа време малкумина велешани имале автомобил.  

Во 1927 година за прв пат во Велес за бракот на моите родители бил употребен автомобил да ја земе невестата од  село Ораовец. Таа  имала татко богат трговец  Пано Срмата. На фотографијата се гледа колку велешани тогаш биле модерни, што носеле. Со автомобил моите оделе и на венчавка. Тоа што денес е престиж, со каква кола ќе се земе невестата, татко ми го  сторил  пред 90- години - додава Боцев, кој има 84 години. 

Тој има богата колекција на фотографии од Велес,  кои се споменар  и историја на развојот на градот. Но Боцев е и планинар, на шест гдоишна возрњсст го има совено врвто Солунска Глава 2.540 а се има искачено и на највисоките Балкански врвови Триглав, Мусала, Олимп. Љубоморно ги чува дрвените скии, со кои своевремено скијал по македонските планини. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »