речник контакт

Велешани им одадоа почит на Задушница на починатите

На Градаските гробишта бројни велешани ги посетија гробовите на нивните блиски

Петар Печков

Задушница се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење).

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот.

Овие денови се посветени на душите на умрените, и затоа се оди на гробишта, се носи храна, а свештениците се молат за душите на покојните.

Се верува дека душите на покојните предци доаѓаат од оној свет кај своите најблиски, барајќи од нив храна, вода, но и за да ги видат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »