речник контакт

Велешани лани фрлиле дури 432 јамболии во отпад

Собрани се рекордни 563 м3 габаритен отпад. Од домовите исфрлени се и телевизори, компјутери, фрижидери

Петар Печков

Минатата година  велешани како габаритен отпад фрлиле дури 432 јамболии. Сите тие биле собрани од вработени на ЈКП Дервен и завршиле на градската депонија. Но освен јамболии биле фрлени и 36 јоргани. Ова се податоци кои ги објавија од Општина Велес, на поставеното прашање за тоа колку габарите отпад се собра во текот на 202-та година.  

„Најголем број од овие прекривки беа фрлени во време на карантинот, минатата пролет. Домаќинките најверојатно во тоа време на средување на домот, процениле дека нема да имаат повеќе потреба од нив и нас ни остана да ги земеме и фрлиме  на депонијата“ - изјавија надлежните, кои ја реализираа акцијата на собирање на габаритен отпад. Таа мината година, поради пандемија на ковид траеше сите 12 месеци.  

„Младите не ги сакаат, не ги користат, не ги откупуваат. Од времето молците ги јадат и затоа сите четири јамболии морав да ги дадам за отпад“ - вели велешанка, која со тажно срце морала да се откаже од нив, за кои вели дека биле оставина од мајка и.

Во однос на габаритниот отпад во 2020-та година во Велес собрани се 563 м3 што е далеку повеќе отколку во 2019-та кога имало 350 м3. На списокот од фрлен габаритен отпад се и 117 душеци, 68  прозори, 35 врати,22  теписи, 85 каучи, 55  фотељи и 30  троседи- двоседи 30.  

Минатата година собрана е електрична и  електронска опрема како отпад во количина од   5.571 кг  што е блиску до таа од 2019-та кога имаше 5,8 тони.  Најмногу од мобилни телефони 81 парче, телевизори 78, тастатури 35, монитори 36, компјутери 18, фрижидери 13.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »