речник контакт

Велешани летово се гушат во смрдеата на свињарските фарми

Велешани летово се гушат во смрдеата на свињарските фарми кои ги има во околината на градот. Се чувствува и во центарот на градот, но и на Којник

Петар Печков

Велешани летово  се гушат во смрдеата на свињарските фарми кои ги има во околината на градот. Ветровите  во поголем дел од  Велес  ја носат реата од изметот , која им го загорчува животот на  граѓаните. Во централниот дел од градот се чувствува смрдеата од фармите во Речани, во новиот дел од градот од тие што се лоцирани во блиските полиња. Така никој не е поштеден од оваа непријатна миризба која го ремети нормалниот живот.

Се отарасавме од топилницата која со децении не ги уништи животот а сега смрдеата од свињарските фарми не прогонува. Не можеме варата, прозор да отвориме, посебно во попладневните и вечерни часови. Како да сме среде кочина, такво е чувството – вели Влатко Николов, жител на Велес, еден од бројните кои реагираат на ваквата состојба.

За илустрација колку е миризбата присутна зборува податокот што на неа се жалат и жителите од месноста Којник, највисокиот дел на градот. За ваквата состојба реагираа и од екологистите, кои регистрирале бројни поплаки од граѓаните, кои биле адресирани на нивна адреса. Тие потсетуваат дека и миризбата е  еден вид загадување на воздухот и таа треба да се стави под контрола.

Се побројни се поплаките на велешани од миризбата на фарми кои работат во околината на градот. Тоа кај нив предизвикува нагони за повраќање, здравствени проблеми  и непријатни чувства посебно навечер. Има миризба на амонијак, и граѓаните се незадоволни како фармите како ги санираат отпадните материи. Не сме против овие фарми, но има мерки и начин како таа  да состојба да се санира – велат од ЕД Вила Зора.

Тие ги повикаа надлежните општински инспекции да преземат чекори за ваквата состојба, која според нив е предизвикана од дивите нелегални фарми. Тие посочуваат дека проблемот е  во собирањето и каптирањето на изметот од свињите, кој ја предизвикува смрдеата. Надлежните од општината велат дека проблемот е комплексен и за него е потребна заедничка и организирана акција на повеќе инспекции, не само од локалната власт туку и од републичката. Стручњаците посочуваат дека овде  треба да реагираат санитарната, ветеринарната, градежниот, комуналниот и еколошкиот инспектор. Во околината на Велес има три свињарски фарми со ,,Б,, интегрирана еколошка дозвола и десетина диви, нелегални.

Миризбата што се чувствува во градот не е од легалните свињарски фарми, туку од дивите. Овие три фарми што имаат дозвола работат стриктно по неа и реата не доаѓа од нив. Со легализацијата на дивите градби им се даде можност на нелегалните фарми да ги легализираат објектите, по што ќе започнеме постапка за добивање на интегрирана ,,Б,, еколошка дозвола. Проблемот со нив е наследен, не реагирале надлежните градежни инспекции кога започнале да се градат   па сега не може тие да се затворат, бидејќи ќе изумрат стотици и стотици свињи – велат од локалната власт на општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »