речник контакт

Велешани летово на плажа со бестселери, љубовни романи

Учениците читаат лектира и Хари Потер

Петар Печков

Во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес двојно е зголемен бројот на читатели кои позајмуваат книги. Од библиотеката информираат дека причина за тоа се годишните одмори, но и фактот што се поголем број граѓани сакаат да читаат книги.

Читателите се повеќе ги читаат најновите светски наслови. Се чита од љубовни романи за на плажа до крими романи трилери и бетселери, а читателите во одделот за возрасни се  од 15 до 80 години- изјави библиотекарката Снежана Гиновска.

Моментално во одделот за возрасни има 1.414 членови, а во одделот за деца 1.256 членови.  Децата, пак, најмногу читаат лектири но и возбудиви романи како  Хари Потер, тинејџерски, авантуристички и други книги од светски познатите автори, а се читаат и домашни автори.

Велешката библиотеката, која е најстара во Македонија, располага со повеќе од 10 илјади книги, континуирано се набавуваат најнови светски бестселери и постојано го збогатуваат книжниот фонд.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »