Петар Печков
Објавено: среда, 10 август 2016
На двата собирни пункта, каде велешани можеа да остават флаширана вода, храна и пелни за бебиња, хигиенски средства, и вакумирана храна се собраа повеќе од 5 тони производи.
На штандот кој го организираше Општина Велес за два дена и едно попладне собрани се: 2,5 илјади литри вода, 60 пакети храна, 100 пакувања тоалетна хартија, 60 пакувања пелни и 50 ќебиња.
Свој штанд за собирање на хуманитарна помош имаше и општинскиот СДСМ, кој исто така за два дена и едно попладне собраа 2,2 илјади кг. Тука спаѓа флаширана вода, пелени и храна за бебиња, вакумирана храна, хигиенски средства.
Сета донација од Велес е предадена на настраданите во скопско.
Tweet |