речник контакт

Велешани масовно се вакцинираат од сезонски грип

Дали ланските седум смртни случаи со грип во земјава, ги натераа велешани да платат 400 денари за да добијат вакцина

Петар Печков

Во Велес вакцина против сезонски грип според податоците од ЈЗУ Центарот за јавно здравје во изминативе 15 дена примиле околу 820 граѓани. Набавени беа  850 вакцини, а има останото уште триесетина дози, информира д-р Билјана Трајкова, епидемиог од оваа јавна здраствена установа.

Таа посочи дека најчесто се вакцинираат постари лица, како и хронично болни. Нови вкацини не може да  се набават така што нема да има натаму вакцинирање. Дали ланските седум смртни случаи со грип во земјава, ги натераа велешани да платат 400 денари за да добијат вакцина?

Во целиот Повардарски регион кој е под ингеренциии на велешкиот ЈЗУ Центар за јавно здравје, биле набавени вкупно 3.000 вакцини против сезонски грип. Според информациите од колегите во сите градови од Повардарието веќе поголем дел од вакцините се потрошени, додаде доктор Трајковска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »