речник контакт

Велешани на Св. Климент засадуваа садници дрва на голините на Вршник (фото)

На три хектари се засадија осум илјади садници

Петар Печков

Претпладнево во Велес се одржа акција за пошумување, која се одвиваше на локалитетот ,,Вршник,,.  Се засадуваше багрем на три хектари а учествуваа околу 200 лица, најмногу вработени во општински институции на локалната власт. Градоначалникот Коцевски потенцираше дека  ова  по 10 години е прва самостојна акција на Општина Велес, надвор од тие ,,,Ден на дрвото,,  . 

 Правиме корисна работа граѓанска акција за пошумување.  Ќе организираме по две акции годишни пролетни и есенски, имаме огромни голи површини во околината на градот за да ја подобриме животната средина.  Сакаме тоа што го засадуваме, да не е на големи територии туку на помали површини  и да создаваме зелен појас за заштита од згадувањето - кажа Коцевски.

Тој упати благодарност до сите учесници кои засадуваа- припадниците на АРМ и  МВР, граѓански здруженија и ЗГ ,,Акцијаш,, Засадувањето  се изврши  во околината на населбите Тунел и Превалец каде поради работата на каменоломот има сериозно загадување на воздухот. 

Засадени беа околу  6 илјади садници со багреми обезбедени од општински  буџет и 2 илјади садници од ШС Бабуна -јавор и јасен. Од неделава, поради  претходно долготрајната суша, Шумското стопанство  ,,Бабуна,, од Велес започна голема акција на засадување на опожарените површини во близина на автопатот Велес- Скопје. Се засадуваат 30 хектари со багрем, јавор и јасен. Ова пошумување треба да заврши до крајот на годинава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »