речник контакт

Велешани навалија да ги легализираат дивоградбите

За седум дена 10 отсто од сопствениците на нелегално изградени објекти подигнале барање за нивно озаконување

Петар Печков

Во Граѓанскиот центар на општина Велес, седум дена откако започна постапката за легализација на дивоградбите повеќе од 500 граѓани ПОДИГНАЛЕ документација а дваесетина  ПОДНЕЛЕ, засега некомплетна документација, без потребните хартии од Геодетските бироа. Ова според проценките на надлежните е 10 отсто од сопствениците на нелегално изградени објекти, бидејќи локалната власт оперира со бројка од 5 илјади такви  во општината.

Цената е  едно евро од метар квадратен и по едно евро за документ. Тоа значи дека ако легализирате 100 квадрати, ќе платат уште 100 за потребните документи. Парите ќе може да се плаќаат во готово во рок од десет дена, откако општината ќе издаде документ за легализација. Втората варијанта е да склучат договор со општината за плаќање на 12 рати. Откако исплатата ќе заврши, општината во рок од пет работни дена треба да издаде решение за легализација на објектот, а потоа  да се запише во катастарот.

Сите кои имаат нелегално подигнати објекти ќе можат да алицираат, но не значли дека сите ќе добијат. За тоа ќе решава комисија која ја формира општината, чии средства се приход од оваа акција.

За изготвен елаборат до 50 квадратни метри, геодетите мора да наплаќаат 2.000 денари. За објекти над 350 квадратни метри елаборатот ќе  чини 8.310 денари. Барањата за легализација ќе се примаат шест месеци, но процесот ќе трае наредните шест години.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »