речник контакт

Велешани не дозволувајте врз делото на Рацин да падне сенка, побара претседателката на ДПМ Стојменска- Елзесер

Отворени 56-тите Рацинови средби

Петар Печков

Проф. д-р Соња Стојменска- Елзесер, претседател на ДПМ  побара од велешани да не дозволат да падне сенка врз името и делото на Коста Солев Рацин. Таа им се обрати на велешани пред споменикот на поетот во дворот на Гимназијата. 

Да го негуваме и чуваме споменот за стихот на Рацин, не само годините што минале туку  да го пренесеме и засилиме за идните поколенија.  Ликот и делото на Рацин покажаа чудна вистина, тој не беше само писател, Рацин умееше со раце да прави грнци, умееше да работи тешка физичка работа, да пишува есени, да истражува за Богомилите,за филозофијата на Хегел и да ги испее тмурните стихови кои предизвикуваат силно светнал ден. Ве молам велешани, не дозволувајте  некоја сенка да падне врз името и величието на стиховите на Рацин- рече Стојменска- Елзесер.      

На отворањето на  56-тото издание на литературна манифестација Рацинови средби, беседа за Рацин годинава ја имаше  проф. д-р Весна Мојсова- Чепишевска. За неа збирката ,,Бели мугри,,  е извонредно крупен настан  во културната и политичката историја  на македонскиот народ.  

Стихозбирката  е врвен дострел на Рациновото творештво, дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување, дело со кое ги потврдува можностите за  најсуптилно  изразување  на јазикот кој тогаш бил одрекуван и забрануван. Со ,,Бели мугри,, и се отвора патот на современата македонска литература а Кочо Рацин станува еден од основоположниците на  современата македонска книжевност. Стихозбирката составена од 12 песни бисери ја гради својата слика  низ социјални и револуционерни теми - кажа Мојсова Чепишевска. 

Во обраќањето на Аце Коцевски градоначалник на Велес  и претседател на организациониот одбор, тој ја нагласи важноста на манифестацијата. 

Време е да победат вистинските културните  вредности, да ги вратиме Рациновите средби на пиедесталот. Борбата со  сомнителните вредности кичот, шундот, турбо фолкот нема да биде лесна, но ќе победиме. Рацин во навидум едноставните стихови на малата збирка ,,Бели мугри,,  успеа да го вткае  сиот општествен простор на неговото време, превирања, страдање и надежи. Да не дозволиме деградирање на Рациновите вредности - рече  Коцевски.

Во чест на Рацин беше положено цвеќе на двата споменика посветени нему, како и на Спомен Костурницата, каде се наоѓаа неговите посмртни останки. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »