речник контакт

Велешани нездоволни од услугите на кабелската телевизија

Велешани се жалат на услугите на кабелската телевизија „Кабелтел“ и велат дека нивните поплаки не стигнуваат на вистинското место.

Петар Печков

Велешани се жалат на услугите на кабелската телевизија „Кабелтел“ и велат дека нивните поплаки не стигнуваат на вистинското место. Реакциите најмногу се однесуваат на покачената цена, која не била соодветна со понудениот квалитет.

- Минаа два месеца како ја покачија месечната претплата за 100 денари, а и натаму не ги гледаме новите десетина канали. Плаќаме 450 денари, а наместо 66 канали, колку што нудат, ние гледаме 50-ина. Згора на тоа квалитетот на сликата е слаб. Никој ништо не презема и не знаеме каде да се обратиме - велат незадоволните претплатници.

Тие посочуваат и на проблемите со дополнителните канали за кои плаќаат екстра-цена, на некои немало превод, а на други често се прекинувал сигналот. Незадоволни се и од работата на Советот на корисници, кој е законска обврска за кабелската мрежа, но не знаат ни кој е таму член од претплатниците, колку редовно се состанува и дали воопшто работи. Неколкупати се обидовме да добиеме коментар од надлежните од „Кабелтел“, но не добивме одговор ниту од Велес ниту од централата во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »