речник контакт

Велешани ноќе наместо на забар одат во Брза помош

Не си ги знаат нивните права!

Петар Печков

Велешани во итните случаи во ноќните часови, за забоболка одат во Брза помош, наместо кај матичните лекари, бидејќи не си ги знаат нивните права. Докторите од велешкиот Здравствен дом, се сведоци на бројни случаи кога доаѓаат пациенти на кој не можат да им помогнат.

- Често се случува во ноќните дежурства да дојдат граѓани со забоболки и кои имаат потреба од стоматолог. Но ние не можеме да им помогнеме, освен да им ги посочиме дека за тоа е надлежен забар а не ние - вели д-р Блажо Атанасов, лекар од Итната помош.

Пациентите не биле запознати дека, исто како општите лекари, аптеките и стоматолозите треба да имаат 24 часовно дежурство или пак да во итни случаи доаѓаат на повик од пациентот.

Во Фондот за здравство објаснуваат дека доколку поплаките на граѓаните се продолжат, тие ќе побараат по теркот на ноќните дежурства во поголемите македонски градови, и во Велес стоматолозите ја применат таа пракса.

Од стоматолозите пак објаснување, дека не се случило да вратат ниту еден пациент кои имал итна потреба од нив и нивните телефони биле истакнати на видно место за во вакви случаи да бидат повикани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »